ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвестментс: За глобалните берзи се ближи крајот на извонредната 2023 година

    Време зa читање: 6 минути

    Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

    Извонредната 2023 година за светските берзи, се ближи кон крајот. Приносите се далеку над очекувањата. Дури и во последните денови од годината, не очекуваме влошување на сликата. Во последниве недели, инвеститорите во сегментите на пазарот кои беа донекаде запоставени во поголемиот дел од годината и засенети особено од технолошките акции со голема пазарна капитализација, имаа многу причини да бидат задоволни. Индексот на акции со мала пазарна капитализација, Russell 2000,  само минатата недела доби 6%, а  во последниов месец 11%. Интересно е што за ова време акциите на „величествените 7“, кои го предводеа растот на берзанските индекси во поголемиот дел од годината (Apple, Google, Amazon, Nvidia, Meta, Microsoft и Tesla), забележаа раст од само 1,5%.

    Што се однесува до промените на берзите, во голем дел се виновни променетите очекувања за монетарната политика во 2024 година. Изгледа дека приказната “повисоко подолго време”, која неодамна ја најавуваа централните банкари и некои учесници на пазарот во врска со каматните стапки, одеднаш беше погребана. Прилагодувањата на променетиот пазарен консензус започнаа со позитивните инфлациони податоци за ноември, а ставките за значително пониски каматни стапки во идната година се зголемија дополнително по средбата на американската централна банка минатата недела. Фед, иако каматните стапки ги задржаа на ниво од 5,25% до 5,50%, помеката реторика на гувернерот Жером Пауел и проекциите на претставниците на Фед, кои сега предвидуваат три намалувања на каматните стапки во идната година, претставуваат значителна промена во споредба со минатите, построги средби.

    И покрај сиот оптимизам во однос на намалувањето на каматните стапки и нормализацијата на инфлацијата во САД, не треба да се занемари фактот дека базичната инфлација, која подобро ги одразува долгорочните трендови на инфлацијата, со 4% сè уште е двојно повисока од целта и се намали за само 0,3% на годишно ниво од август до ноември. Значителниот пад на општата инфлација во последните месеци главно се должи на пониските цени на енергетските производи, особено на нафтата, чија цена се движи околу 70 долари за барел. Дефлацијата во најголемата индустриска сила во светот, Кина, е охрабрувачка за инфлаторните трендови. Цените на увозот во САД овој месец го забележаа својот најголем пад откако беа измерени, така што можеме да очекуваме поголемо влијание врз цените на готовите производи во САД и Европа во наредните месеци, бидејќи старите залихи се трошат и се продаваат, а поевтините производи се појавуваат на полиците.

    Нивото на каматните стапки и во еврозоната останува непроменето, а истовремено е значително пониско во споредба со САД. И покрај нискиот економски раст и брзото опаѓање на базичната инфлација, претседателката на ЕЦБ Лагард беше многу порезервирана од Пауел кога беа во прашање прогнозите за следната година. Ова ја зајакна вредноста на еврото, додека европските акции се држат блиску до највисоките нивоа оваа година. Клучните каматни стапки не беа променети во швајцарската и англиската централна банка. Во Норвешка се одлучија за уште едно зголемување, каде инфлацијата останува блиску до 5%. Индексот на менаџериte за набавка (PMI) за еврозоната е под 50, седми месец по ред, што значи дека шансите за рецесија се зголемуваат.

    Исто така, во Кина годината завршува во согласност со случувањата во изминатите дванаесет месеци. Но, за разлика од развиените пазари, на кинеската берза доминира црвената боја. Со порастот на дефлацијата, кризата на пазарот на недвижности и крајно неизвесната економска клима, инвеститорите се надеваат на поголем финансиски стимул, со кој кинеската влада би успеала да го заживее економскиот раст следната година.

    Закрепнувањето на пазарот на обврзници продолжува и доби дополнителен поттик по состанокот на ФЕД. Значително се намалија и бараните приноси на високоризичните корпоративни обврзници, па многу високозадолжени компании можат малку полесно да здивнат пред првото намалување на основната каматна стапка.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

    2024 година е пред нас. Ќе биде обележана со намалување на каматните стапки од страна на централните банки. Фед најавува три, ЕЦБ е повнимателна, но и во двата случаи пазарот очекува посериозно и посилно намалување на каматните стапки отколку што предвидуваат централните банки. Овој јаз во прогнозите и очекувањата претставува значителен ризик за пазарите и може да донесе корекција на пазарите. Економската активност забавува, иако глобалната економија останува на патеката на раст. Развиените економии, особено Европа, но и САД, може да се спуштат во плитка рецесија, првата половина на 2024 година, а вторите често, но не секогаш, се причина за корекција на берзите. И политиката на централните банки и очекувањето на рецесија носат неизвесна прва половина од годината на пазарите на капитал, што ќе можат да ја искористат инвеститорите кои знаат и умеат да гледаат подалеку од краткорочните флуктуации. Прогнозите за 2024 година се умерено оптимистички. Според прогнозите на инвестициските банки, се очекува раст на главните индекси, а растат и профитите на компаниите. Пред сè, долгорочните економски и социо-социјални трендови остануваат непроменети. Технологијата продолжува освојува непознати области. Вештачката интелигенција или AI претставува раст. Индустријата се автоматизира и дигитализира. Одржливоста и ESG стануваат сè поважни начини за инвестирање. Заштедата на енергија, зелената енергија, рециклирањето и заштитата на животната средина создаваат нови можности за инвестирање. Населението во развиениот свет старее, но во светот во развој созрева и создава нова силна средна класа. Ова создава променети навики на потрошувачите и предизвици и можностии за глобалните компании во областа на потрошувачките добра, здравствени услуги итн.

    Сепак, нашата препорака за 2024 година останува иста како и во 2023 година. Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност.  Ние одржуваме диверзифициран пристап со периодични зголемувања на инвестициите. Низ историјата, ова се покажа како најдобриот пристап, бидејќи го избегнува ризикот од купување на инвестицијата на врвот.

    Од статистичка гледна точка, кинеските акции остануваат атрактивни, но во последниве недели се акумулираат толку многу негативни вести што е малку веројатен брз пресврт на трендот, така што остануваме претпазливи и ставаме поголем акцент на Индија и нејзините инвестиции. Имено, Индија станува најатрактивна економија на пазарите во развој, со силен раст на средната класа и релативно добра правна сигурност врз основа на англосаксонското законодавство и демократски избраните владини претставници. Може да се каже дека Индија сè повеќе ја имитира приказната за брзиот раст на Кина од почетокот на милениумот.

     2024 година ќе биде година на активно управување. Компаниите кои испорачале натпросечни приноси во минатото не мора да значи дека ќе бидат најдобри и во иднина. Во Generali Investments ќе продолжиме со активно следење на портфолијата и соодветно менување на инвестициите на фондовите според потребите. Ова ќе им даде сигурност на инвеститорите, дека нема поттреба од често менување на структурата на портфолијата. Иако правилото за консултирање со инвестициските советници околу структурата и состојбата на инвестициите двапати годишно, останува да важи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично