ПОВЕЌЕ

    Фолксваген бара отштета од 1 милијарда евра од поранешниот извршен директор

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот производител на автомобили Фолксваген бара дури 1 милијарда евра во штета од поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн, за време на чиј мандат имаше „измама на векот“ со фалсификување на нивото на издувните гасови од дизел моторите.

    Ова е најголемата сума што некогаш била побарана од еден шеф на одбор во Германија. Како што дознаваат истражувачките новинари на Зидојче Цајтунг и јавните служби на ГДР и ВДР, тие милијарди евра можеле да бидат заштедени доколку Мартин Винтеркорн реагирал веднаш штом дознал за манипулациите.

    Според Фолксваген, Винтеркорн (73) требало да постапи на 27 јули 2015 година, кога на состанокот ги дознал деталите за криминалниот софтвер инсталиран во возила со дизел-погон.

    Тој софтвер препознал кога автомобилот се тестирал или прегледувал и кога бил на класично патување. Чистењето на издувните гасови работеше само во „лабораториски услови“, додека на улица автомобилите емитуваа штетни гасови повеќе пати над дозволените вредности.

    Фолксваген исто така верува дека Винтеркорн не успеал „веднаш, вистинито и целосно“ да одговори на прашањата на американските контролни инстанци, што подоцна значеше повисоки казни за VW во САД. Локалните контролори го објавија скандалот на 18.09.2015 година.

    Славниот менаџер, иако ужива огромно богатство, не е баш милијардер и не би можел да плати толкава отштета од сопствениот џеб, наведува ДВ. Но, луѓето од негов ранг, чијашто одлука вреди милиони или милијарди, направија специјални осигурувања во случај на такви судски процеси.

    Како што дознава Зидојче Цајтунг, Винтеркорн имал такво осигурување во Цирих, но опфаќа максимум петстотини милиони евра. Наменет е за случај на „небрежно кршење на обврските“ што VW го пренесува на поранешниот шеф.

    Во средината на септември, судењето против Винтеркорн започнува пред Државниот суд во Брауншвајг поради измама.

    Надзорниот одбор на VW бара пари од уште четворица менаџери кои управуваа со Ауди и Порше, брендови кои припаѓаат на Volkwagen. Нивните адвокати сега молчат, но досега сите тие негираа вмешаност во скандалот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично