ПОВЕЌЕ

    Финансиските иновации во пораст во последните години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Асоцијацијата на финансиски друштва објави дека според „McKinsey’s“, 80% од традиционалните финансиски институции ги проучуваат иновациите во 2018 година.

    Инвестициите во областа се проценуваат на 30,8 милијарди американски долари што се далеку поголеми 2011 година кога биле 1,8 милијарди американски долари.

    Со растот на технологијата и постојаното менување на побарувачката на финансиските пазари, промените се неизбежни. Секоја година се трансформира FinTech индустријата на нов начин.

    Што е FinTech?

    Финтек (FinTech) е скратеница за финансиска технологија.

    Секоја технолошка иновација во финансиските услуги може да се толкува како финансиска технологија. Компаниите во оваа област развиваат нови технологии за менување на традиционалните финансиски пазари.

    Финтек-компаниите користат многу технологија и иновативните финансиски производи ги прават широко достапни. Ова може да се однесува на посложени софтверски апликации за вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI) и големи податоци (Big Data).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично