ПОВЕЌЕ

    Нова иновативна услуга – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка!

    Време зa читање: 4 минути

    Разговараме со Филип Јордановски – Раководител на Секторот за работа со физички лица во Капитал Банка АД Скопје, за новата иновативна услуга – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка!

    Во изминатите 7-8 месеци, текот на настаните околу пандемијата со Covid-19, како и големата неизвесност колку ќе трае, не натера да размислуваме уште позабрзано и чекор понапред, во поглед на адаптирање на новонастанатата ситуација и бизнисот. Како понатаму? Што ќе биде новото нормално? Невозможното и досега, можеби некогаш, сега едноставно мора да станат сегашност и секојдневие.

    Сите овие случувањa и нови ситуации, ја стимулираа дигитализацијата на процесите во секојдневното оперативно работење и давањето на услуги во банкарството.

    Капитал Банка АД Скопје, како мала банка со своите 8 експозитури, отсекогаш се стремела кон што подобра услуга и да ги направи достапни своите услуги и продукти достапни до граѓаните низ целата територија на државата и онаму каде нема своја експозитура, преку користење на финтек технологијата и дигитализација на процесите.

    Капитал банка е првата и единствена банка во која можете да аплицирате и подигнете брз онлајн кредит за само 30 мин. без доаѓање во банката или да си купите производ на рати кај нашите трговски партнери, преку нашиот брз наменски кредит, повторно без доаѓање во банка, односно директно во продажното место на трговецот само со лична карта.

    Ограниченото движење на клиентите, работењето од дома, избегнување посета на експозитурите освен доколку е неопходно, поради превенција од ширење на вирусот, не натера се повеќе да размислуваме како да ги пренасочиме услугите и продуктите на банката, да бидат достапни онлајн, од каде и да се наоѓате.

    За виртуелна експозитура, во која клиентите ќе можат онлајн да ги користат сите услуги и продукти, без физичко присуство во банката, размислувавме и бевме подготвени уште на самиот почеток од пандемијата, но поради одредени регулативи кои сеуште се во фаза на дефинирање, засега го промовираме само онлајн кредитирањето и најново од овој месец, онлајн отворање на штеден влог, без користење на електронско банкарство, ниту поседување на сметка во Капитал Банка.

    Поради атрактивните каматни стапки на депозити кои ги нудиме, постојано имаме интерес од клиенти-штедачи од цела држава и барање од нивна страна да отвориме експозитура токму во нивниот град. Преку новата услуга одговараме и на овие потреби на штедачите, односно го правиме штедењето најдостапно и едноставно од било кога досега.

    Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом!

    Капитал Банка АД Скопје, следејќи го трендот на модерното банкарство како и користење на финтек технологијата, Ви овозможува да отворите штеден влог без физичко присуство во банка, односно од каде и да се наоѓате, а притоа не е задолжително да имате отворено сметка во банката, да користите електронско банкарство или други продукти.

    Се што треба да направите е да се јавите во некоја од нашите експозитури, да одберете депозитен продукт со исплата на камата по доспевањето на депозитот и да имате пристап до интернет. Поради online постапката за отворање на депозит, потребно е средствата наменети за депозит да се уплатат безготовински од сопствената сметка во било која банка, на наменска сметка на Капитал Банка. Потпишувањето на документацијата e целосно дигитално преку Вашиот smart телефон, таблет или компјутер.

    Капитал Банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно по исклучително поволни услови, а како најатрактивни во моментот ќе ги издвојам:

    *Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени во Фондот за осигурување на депозити со 100% до износи од 1.800.000 мкд!

    Продолжуваме да се развиваме во оваа насока, приклучувајќи се на светскиот тренд во банкарството и комплетна дигитализација.

    Им посакувам на сите добро здравје, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и максимално да ги користат онлајн услугите на Капитал Банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично