ПОВЕЌЕ

    2,3 милиони привремени работници отпуштени во вториот квартал

    Време зa читање: 2 минути

    Во вториот квартал од оваа година во Европската Унија имало 19,2 милиони лица привремено вработени, што е за 2,3 милиони луѓе помалку отколку во претходните три месеци и дури три милиони помалку отколку во последниот квартал од минатата година, според податоците на Евростат.

    Посебно беа погодени младите и нивното учество во овие договори падна од 46,2 проценти на крајот на минатата година на 42,7 проценти.

    Од вкупниот број на луѓе кои останале без работа за време на корона криза, дури 80,5 проценти од нив се оние кои имале договори за вработување на определено време, или четири од вкупно пет.

    Оние кои работеа со скратено работно време беа, подложни на откази, оставајќи вкупно 2,8 милиони невработени во ЕУ, со над 10 проценти во Ирска, Шпанија, Португалија и Литванија.

    Сите земји на ЕУ се соочија со привремени загуби на работното место, а во седум земји беше повеќе од 20 проценти повисоко отколку на крајот на минатата година. Најмногу во Литванија, дури 35 проценти, следени  Бугарија, Малта, Словенија, Естонија, Грција и Словачка.

    Во текот на вториот квартал, во Хрватска имало 205 000 лица со договор на определено време, што е за 21 000 помалку отколку во првите три месеци од оваа година. Регистрирани се 69.000 работници со скратено работно време, осум илјади помалку отколку во претходниот квартал.

    Од друга страна, во четири земји, привременото вработување дури се зголеми за време на карантинот, а најмногу во Унгарија, дури 27,7 проценти, а во Бугарија 10,9 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично