ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – можност за тргување во странство преку најголемата платформа Interactive Brokers

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка им понуди на своите клиенти ексклузивна можност за тргување на странски берзи преку прием и пренос на налози на најголемата онлајн платформа на реномираната брокерска компанија Interactive Brokers. Благодарејќи на соработката на Комерцијална банка со Interactive Brokers, клиентите добија нови инвестициски можности со пристап на над 150 пазари во 33 земји и 27 валути.

    Секој заинтересиран инвеститор, независно дали е почетник или искусен, физичко или правно лице,  ги добива на располагање најатрактивните хартии од вредност кои котираат на меѓународните берзи.

    Приемот и преносот на налози за тргување на странски пазари преку Комерцијална банка и платформата Interactive Brokers значи:

    • достапност на платформата 24/7 и прием и пренос на налозите во работното време на Банката
    • високо ниво на сигурност,
    • едноставна постапка за креирање на корисничка сметка на ИБКР
    • едноставно пополнување, внес, измена или повлекување на налогот,
    • преглед на портфолио и парична состојба со моментално ажурирање,
    • преглед на пазарни податоци (цена, трансакции, анализа на компании),
    • аларми (нотификации за промените на пазарот).

    Меѓународните пазари на капитал се одликуваат со голема динамичност, бројни инвестициски можности и чести регулаторни промени, кои брокерите на Комерцијална банка ги следат во континуитет. Со користењето на услугата од брокерите на Банката, инвеститорите добиваат и дополнителни бенефити, за да го обезбедат посакуваното инвестициско портфолио на странските Берзи.

    Повеќе информации за постапката за прием и пренос на налози во Комерцијална банка за тргување на странски берзи преку Interactive Brokers се достапни на следните линкови:

    https://kb.mk/berzansko-posreduvanje.nspx

    https://kb.mk/pravni-berzansko-posreduvanje.nspx

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично