ПОВЕЌЕ

    Еве за колку скокнаа платите во ЈП Државни патишта

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната бруто-плата во Јавното претпријатие за државни патишта за една година се зголемила за 4.700 денари а бројот на работници останал ист. Ова е далеку повеќе од темпото по кое се зголемувала просечната бруто-плата во земјата во 2019, објави независниот ревизор за минатата година.

    Претпријатието кое гради магистрални, регионални и локални патишта прикажало околу 53.100 денари бруто плата по вработен, додека една година претходно таа била околу 48.400. Од друга страна просечната бруто-плата на национално ниво во текот на ланската година се движеше до 40.000 денари и се зголеми речиси незабележително.

    Вкупните расходи за плати на вработените лани бил 285 милиони денари, или 25 милиони повеќе за една година. На пример, во 2017 овие трошоци биле 210 милиони денари, но тогаш имало само 386 вработени.

    Вкупните расходи за плати на вработените лани бил 285 милиони денари, или 25 милиони повеќе за една година. Во 2018 при ист број на вработени сумата била 260 милиони денари, а во 2017 овие трошоци биле 210 милиони денари, но тогаш имало само 386 вработени.

    Приходите од акцизите на течните горива, наплата на патарините и регистрацијата на моторните возила се зголемени кај сите три сегменти и изнесуваат вкупно 7,37 милијарди денари, односно за 344 милиони денари повеќе.

    Претпријатието лани остварило пет милиони евра повеќе, а зголемени биле сите приходи – од патарини, акцизи и осигурување на возила.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично