ПОВЕЌЕ

    Доне Таневски го зголеми уделот во „Македонијатурист“ – поседува 23,4 отсто од акциите

    Време зa читање: 2 минути

    Не стивнува интересот за акциите на „Македонијатурист“. Реализирани се четири блок-трансакции, со акциите се тргувало на официјалниот пазар, а има и известување од компанијата дека Доне Таневски го зголемил својот сопственички дел.

    „Известуваме дека Доне Таневски, претседател на Надзорен одбор на Македонијатурист АД Скопје се стекна со 5.381 обична акција издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега поседува 105.829 обични акции, односно 23,40%“, објавија од хотелско-угостителската компанија.

    Продолжи и низата од блок-трансакции преку кои се продаваат акциите на „Македонијатурист“. Четирите блока опфаќаат вкупно 2.969 акции, платени по различни цени. Во првиот се 245, со вкупна вредност од 2.109.450 денари (34,3 илјади евра), платени по цена од 8.610 денари. Ист е и единечниот износ за акција по кој е пресметан износот во вториот блок, во кој пакетот е од 687 акции вредни   5.915.070 денари (близу 96,2 илјди евра). Сумата за 907 акции е 7.256.000 денари (118 илјади евра), купени се по 8.000 денари, а според објавата на Македонска берза, обезбедуваат 0,2 проценти од основната главнина. Најскапи, по 8.700 денари, се акциите од четвртата блок-трансакција, чија вредност е 9.831.000 денари (159,8 илјади евра). Овде се работи за 1.130 акции.

    На официјалниот пазар денес се истргувани 329 акции со промет од 2.850.620 денари (46,3 илјади евра). Нивната цена е 8.664,50 денари. Бројките, пак, од вчерашното тргување се: просечна цена од 8.500 денари, купопродажба на 480 акции и промет од 4.080.000 денари (66,3 илјади евра).

    Поврзана вест

    ГЛАСИНИ ИЛИ ВИСТИНА: Добива ли „Македонијатурист“ нов газда?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично