ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик

    Време зa читање: 2 минути

    Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил објави:

    Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик.

    📢📢📢 Заклучно 25ти јули издадени над 300.000 домашни платежни картички.
    ❗Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход.
    Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат.

    🙋 Прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање
    🏛️ Координација со голем број на вклучени државни институции + банки
    ⏰ Исклучително краток период
    🇲🇰 Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги

    Покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо опшество.

    ✅ Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата
    🇲🇰 Кревање на свеста за домашното
    💳 Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија
    🛒 Промена на навиките
    🖥️ Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите

    Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели, стои во постот на Ангеловска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично