ПОВЕЌЕ

    „Дојче банка“: Глобалниот БДП може да го врати нивото во средината на 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Светското економско производство ќе се врати на своето ниво пред пандемијата до средината на 2021 година по силното економско придвижување повеќе од очекуваното во последните месеци, објави „Дојче банка“, но промената на политиките може да го зголемат ризикот за финансиски криза.

    Глобалното економско закрепнување по падот од Ковид 19 во текот на зимскиот и пролетниот период се одвиваше значително побрзо отколку што се замислуваше.

    Како што се приближуваме кон крајот на третиот квартал, проценуваме дека нивото на глобалниот БДП е околу половина од нивото пред-вирусот. Сметаме дека до средината на следната година работите ќе се вратат во нормала, што е порано отколку првичната прогноза“, напиша Питер Хупер, глобален шеф за економски истражувања во „Дојче банка“.

    Банката ја зголеми својата прогноза за глобалниот БДП, очекувајќи да се намали за 3,9% оваа година. За 2021 година, „Дојче банка” ја зголеми прогнозата за раст на 5,6% од 5,3%.

    Сепак, претстои голема несигурност и потенцијални проблеми.

    Стравувањата од интензитетот на нов посилен бран ја зголемија неизвесноста околу економските изгледи во САД и Европа, велат од  Дојче банка. Исто така, поместувањата во монетарната политика, може да предизвика дополнителни проблеми.

    Проширувањето на долгот и потенцијалната преценетост на средствата што се надополнуваат со екстра лесната монетарна политика што во случајот е неопходно,  претставува сериозен ризик од заканувачка глобална финансиска криза “, напиша Хупер и додаде дека секое изненадување во пораст на инфлацијата ќе го зголеми овој ризик.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично