ПОВЕЌЕ

    Дали Америка доби нова валута?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дигиталниот долар може да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за полесно плаќање, рече Џенет Јелен, американскиот министер за финансии.

    Јелен изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден го поддржува истражувањето за одржливоста на дигиталниот долар, што претставува промена во однос на нејзиниот претходник Стивен Мнучин.

    „Логично е централните банки да размислуваат за издавање суверени дигитални валути“, рече Џенет Јелен на виртуелната конференција организирана од Њуорк Тајмс, пренесува Блумберг.

    Јелен објасни дека дигиталната верзија на доларот може да помогне во надминување на пречките во вклучувањето домаќинства со пониски примања во финансискиот систем.

    „Премногу Американци немаат пристап до системи за лесно плаќање и банкарски сметки и за тоа би можело да помогне дигиталниот долар, како дигитална валута на централната банка. Тоа би довело до побрзи, побезбедни и пониски плаќања“, објасни Јелен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично