ПОВЕЌЕ

    ЦКБ БАНКА СО ЗНАЧАЈНО ПОДОБРА ДОБИВКА ОД ЛАНИ – Какви се очекувањата на менаџментот за периодот што следи?

    Време зa читање: 3 минути

    За период 1.1.2022 – 30.9.2022 година Централна Кооперативна банка оствари добивка од 30,9 милиони денари, којашто е значајно подобра во однос на истиот период минатата година.

    КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА ЗА ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ?

    Макроекономските услови во кои Банката ја остварува својата активност во 2022 година остануваат под притисок на новите глобални предизвици. Инфлаторните трендови во Европа предизвикани од цените на енергенсите и ескалирачката криза во Украина, не оставаат премногу простор за оптимизам за брзо разрешување на состојбите. Банката будно ќе следи на какво ниво ќе се стабилизираат трендовите на раст на инфлацијата и цените на енергенсите, од една страна, и капацитетот на населението за сервисирање на долговите, од друга страна. Истовремено, внимателно ќе се следи отпорноста на економијата во услови на сериозно покачени и неизвесни цени на енергенсите.

    Банкарскиот сектор досега покажа дека релативно брзо се приспособува на различните предизвици и бележи солидни резултати и порасти. Од друга страна, под притисок на инфлацијата и според движењата од глобалните двигатели на пазарот на капитал, се насетува крајот на глобалниот тренд на пад на каматите и започнување тренд во спротивна насока.

    Во такви услови, Банката очекува својата тековна активност до крајот на годината да ја остварува во неизвесни макроекономски услови, со сè уште високо ниво на претпазливост поради геополитичките предизвици. Во наредниот период, до покажување линија на сигурен тренд на стабилизација и пазарна извесност, Банката ќе остане максимално претпазлива при преземањето нов кредитен ризик и ќе ги следи движењата и сигналите од пазарот и од НБРСМ.  Ќе продолжат континуираните напори за остварување на планираните позиции од деловниот план,  но без притоа да се компромитира високото ниво на квалитет на кредитното портфолио. Зголемената продуктна и ценовна конкурентност, пред сè, ќе оди во насока на заштита и задржување на постоечките клиенти, а ќе се користи секоја пазарна можност за бележење нови аквизиции и пораст.

    Со цел да се олесни пристапот до услугите и безбедноста на клиентите, ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката и понатаму ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција и зголемување на достапноста на услугите.

    Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржување позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично