ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Централна кооперативна банка за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    Заклучно со третото тримесечје од 2020 година, Банката оствари добивка во висина од 14 милиони денари. Овој финансиски резултат е за 20 милиони денари подобар од резултатот остварен минатата година, но е за 43,7% понизок од планираниот за периодот.

    Макроекономските услови, во кои Банката ја остварува својата активност во 2020 година, се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции, кога беше предвиден раст на домашната економија. Согласно со објавените проценки на Светска банка, се очекува пад на економската активност од 4,1%.

    За таа цел, Банката неуморно работи во насока на помош за погодените клиенти од новонастанатата состојба при што, пред сè, ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање поволни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и од економската криза.

    Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката и зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

    Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично