ПОВЕЌЕ

    Цените за батериите на возилата драматично ќе пораснат

    Време зa читање: < 1 минутa

    Растечката побарувачка за батерии за електрични автомобили ќе предизвика пораст на цените на големите материјали, велат аналитичарите на Голдман Сакс.

    Ова за возврат ќе ги зголеми цените на батериите за околу 18 проценти, што ќе влијае на вкупниот профит на производителите на електрични автомобили бидејќи батеријата сочинува околу 20 до 40 проценти од трошоците за возилата, велат аналитичарите на Голдман.

    Иако во извештајот не беа дадени специфични цени за стоките, моделот на аналитичарите предвидуваше дека цената на литиумот за производителите на електрични батерии ќе се зголеми двојно.

    Цената на кобалтот исто така би се удвоила, додека цената на никелот би се искачила за 60 проценти.

    Цените на трите главни природни ресурси растат од почетокот на 2021 година – се наведува во извештајот на Голдман.

    Веруваме дека некои земји би можеле да размислат за спроведување политики, за зголемување на националните резерви со цел да се промовираат одржливи електрични возила, се вели во документот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично