ПОВЕЌЕ

    Цената на златото континуирано расте

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на златото е на пат кон најголем месечен пораст од јули минатата година, поттикната од ризик од инфлација пред објавувањето на клучните податоци за економското закрепнување на САД и слабеењето на вредноста на доларот.

    Некои претставници на ФЕД изјавија дека може да се очекуваат притисоци во цените поради зголемената побарувачка бидејќи економијата повторно се отвара. Индексот PCE кој ФЕД го користи за проценка на инфлацијата се искачи на 3,6 проценти, што е највисок раст од 2008 година.

    Вредноста на златото ги надокнади сите загуби од 2021 година како еден од металите со најдобри перформанси во мај, при знаци на пораст на инфлацијата и потенцијално нерамномерно економско закрепнување, поради повторното ширење на вирусот корона во некои земји.

    Според аналитичарите, мај беше одличен месец за цената на златото, поради малку пониската вредност на доларот, пониските приноси на обврзниците и изненадувачки високиот CPI, што предизвика инфлаторен страв.

    Цената на златото минатата недела достигна вредност од 1.912,76 долари за унца (31 грам), што е највисоко од 8 јануари. Цените на среброто, паладиумот и платината исто така се зголемија, а експертите проценуваат дека нивниот натамошен пораст е неизбежен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично