ПОВЕЌЕ

    BtoBet спроведе крводарителска акција

    Време зa читање: 3 минути

    Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Република Северна Македонија, македонската ИТ компанија BtoBet реализираше доброволна крводарителска акција. Близу 30 вработени од компанијата даруваа крв, од кои некои за првпат, а некои како долгогодишни крводарители со повеќекратни дарувања.

    „Дарувањето крв е вистински чин на солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да дадеме мал придонес кој некому значи многу. Нашата цел е со оваа крводарителска акција да започнеме традиција на крводарување во BtoBet, но и да ги поттикнеме останатите чинители во бизнис заедницата, бидејќи веруваме дека заеднички можеме да го помогнеме здравствениот систем и пристапот до крв и трансфузија на оние кои им е потребна“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.

    Претставникот на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, доктор Ефтим Димитровски ја поздрави иницијативата на компанијата, нагласувајќи дека широкото и активно учество на заедницата во крводарителски акции го осигурува пристапот до безбедна крв во секое време, што е од суштинско значење за националниот здравствен систем.

    Од почетокот на годината BtoBet реализираше повеќе различни активности како дел од компаниските заложби за општествена одговорност. Активностите беа реализирани во соработка со #РетвитниОброк, Црвен Крст Македонија преку редовни донации на облека, Kajak.mk преку волонтерска еко-акција за пошумување на Бислимската клисура и со донација на компјутерска и канцелариска опрема за иницијативата „Донирај компјутер“.

    „Дарувањето крв е еден од највисоките доброволни чинови на хуманост и солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да направиме мал придонес кој некому значи многу.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично