ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Со инвестиција од 45 милиони евра „Костал“ ќе отвори над 200 работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Германски „Костал“ ќе донесе во Македонија технички најсофистицирана производна линија со воведување на SAC (Smart Actuator Charging) технологијата за производи наменети за Фолксваген Групацијата, односно за брендовите „Фолксваген“,„ Ауди“, „Порше“, „Шкода“ и „Сеат“. Дополнително, со новиот проект ќе биде воведена и новата SkinTec технологија за производство на кровни модули наменети за високата класа произведена од Daimler: Mercedes EQS, EQE, C+S Class, AMG SL. Тоа ќе се обезбеди со нова инвестиција од во вредност од 45 милиони евра, соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој имаше средба со главниот оперативен директор на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“, Хансјорг Херман и со директорот на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо.

    „Со директорите на Херан и Мизо веќе започнавме да ги финализираме деталите за нивниот нов инвестициски потфат, кој е во вредност од преку 45 милиони евра и ќе овозможи вработување на нови над 200 наши сограѓани“, изјави Битиќи.

    Предвидено е проектот да започне во октомври, а да финишира на крајот од 2028 година. Според вицепремиерот, „тоа значително ќе го зголеми нашиот извоз како држава, затоа што станува збор за производи со најголема додадена вредност кои некоја странска компанија ги произведува кај нас“.

    На состанокот, вицепремиерот и директорите на „Костал“ разговарале за креирањето добра инвестициска клима која се препознава од новите странски инвеститори кои доаѓаат во земјата, при што е нагласено дека голем успех претставува фактот што постоечките компании го прошируваат своето производство и почнуваат нови инвестициски проекти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично