ПОВЕЌЕ

    Бајден ќе дава по 1.400 долари за секој Американец

    Време зa читање: 2 минути

    Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претстави предлогот пакет стимуланси, велејќи дека се потребни смели инвестиции за зајакнување на економијата и забрзување на дистрибуцијата на вакцината, за да се стави корона вирусот под контрола.

    Во текот на 2020 година, Бајден водеше кампања заснована на ветување дека ќе ја сфати пандемијата посериозно од претседателот во заминување Доналд Трамп, а целта на пакетот што го претстави беше да премине од зборови во дела, преку обезбедување на прилив на средства за да одговори на Ковид-19, и економско закрепнување.

    „Кризата на длабоко човечко страдање е пред нашите очи и нема време за губење. Мораме веднаш да преземеме акција“, рече Бајден за време на говорот од Делавер. Пакетот вклучува 415 милијарди долари за поддршка на мерките против вирусот и дистрибуција на вакцини против Ковид-19, околу 1.000 милијарди за директни плаќања на американски домаќинства и близу 440 милијарди за мали и средни претпријатија и заедници кои се особено погодени од пандемијата.

    Семејната помош треба да изнесува 1.400 долари по лице, како дополнување на веќе испорачаните 600 американски долари по лице што Американците ги добија од последниот пакет помош, што беше усвоен од Конгресот. Осигурувањето за невработеност исто така би се зголемило од 300 на 400 американски долари неделно и ќе продолжи до септември.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично