ПОВЕЌЕ

    Без провизии за денарски трансакции на мобилното и електронското банкарство на Охридска банка до 31-ви мај

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи го предвид императивот дека јавното здравје е заедничка одговорност, Охридска банка АД Скопје го продолжи периодот на укинати провизии за денарски трансакции на мобилното и електронското банкарство до 31-ви мај 2020 година.

    Одлуката за оваа поволност е донесена во согласност со мерките за заштита и превенција од пандемијата предизвикана од Корона вирусот со што вработените и клиентите на Банката би останале безбедни, а редовниот сет на банкарски услуги би бил уште побрз.

    Мобилното и електронското банкарство на Охридска банка АД Скопје нудат многу практични функционалности со кои целосно можат да се заменат посетите во експозитури, а банкарските услуги да се извршат преку мобилниот телефон или домашниот компјутер.

    Како дел од услугите што ги нуди мобилното банкарство и електронското банкарство се испраќање нотификација до корисникот секој пат кога ќе има прилив/одлив од неговата сметка за зголемена безбедност, плаќање сметки, лоцирање најблиските банкомати и експозитури, како и трговци каде што може да се плати со кредитна картичка на рати без камата, менувачко работење, печатење изводи за сметки и кредитни картички и уште многу други поволности.

    Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да се насочат кон електронските канали на Банката за заеднички придонес кон јавното здравје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично