ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка: Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и безбедни трансакции.

    Време зa читање: 2 минути

    Унапредувајќи ги своите услиги, во чекор со иновативните предизвици и прилагодувајќи се на новото и модерно време, НЛБ Банка АД Скопје воведе можност за бесконтактно користење на услугите на своите банкомати. Оваа иновативна придобивка е достапна за сите корисници на бесконтактни платежни картички, како и за сите корисници кои имаат апликација за мобилен паричник. Во моментов услугата за бесконтактни трансакции е достапна на 80 НЛБ банкомати низ земајва.

    Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и безбедни трансакции. Станува збор за надградба на банкоматите со бесконтактни читачи, кои нудат можност за подигнување на готовина и проверка на состојба со доближување на бесконтактна картичка или мобилен телефон преку NLB Pay мобилниот паричник (или преку друга апликација за мобилен паричник). Принципот на бесконтактно подигнување на готовина е сличен на процесот за бесконтакно плаќање, односно корисникот треба само да ја доближи својата картичка или мобилниот телефон на означеното место на банкоматот каде е поставен знакот за бесконтактни трансакции. За секое подигнување на готовина на овој начин, без разлика на износот, неопходно е корисникот да го внесе својот ПИН код заради дополнителна заштита.

    Со воведувањето на новата функционалност за бесконтактните трансакции на нашите банкомати направивме, уште еден чекор кон унапредување на нашите услуги, а на клиентите им овозможуваме едноставна, брза и сигурна услуга. Новите функционалности на банкоматот се во прилог на новонастанатата ситуација со Covid вирусот, каде клиентите се почесто сакаат да ги користат дигиталните услуги, но и бесконтактниот начин за вршење на транскации. Преку оваа функционалност повеќе нема ризик банкоматот да ја одземе картичката, а дополнително клиентите имаат можност и воопшто да не носат картичка со себе, туку да извадат готовина само преку својот мобилен телефон.“ – изјавија од Банката.

    Повеќе информации во врска со функционалностите на бесконтактните банкомати можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на телефонски број 02/ 15 600.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично