ПОВЕЌЕ

    Бајден бара санкции за руското злато

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот претседател Џо Бајден и највисоките функционери на земјите-членки на Г7 треба да договорат забрана за увоз на нови количини злато од Русија како дел од зајакнувањето на санкциите воведени поради руската војна против Украина.

    Соединетите Американски Држави го обединија западниот свет во воведувањето брзи и остри економски санкции кон Русија со цел да му ги ускратат на Кремљ изворите на приходи потребни за финансирање на војната во Украина, пишува Ројтерс.

    Според добро информиран извор од Вашингтон, американското Министерство за финансии следниот вторник ќе донесе одлука да го забрани увозот на нови количества злато во САД со цел дополнително да ја изолира Русија економски и да ја спречи нејзината работа на светскиот пазар на злато.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично