ПОВЕЌЕ

    Бафет само што вложи 7 милијарди долари во, како што рече, лоша инвестиција во 1998 година

    Време зa читање: 2 минути

    Бафет се предомислува во старите денови. Тој исто така одбиваше злато цел живот, но за време на сегашната криза започна да го зема предвид.

    Се чини дека Ворен Бафет навистина се „загреваше“ за јапонските берзи, кои ги имаше отфрлено пред точно 22 години како инфериорни инвестиции, а сега неговиот познат конгломерат „Беркшир Хатавеј“ зема 5% сопственички удел во 5-те најголеми компании од оваа земја, кои се занимаваат со трговија.

    Тука се Иточу, Марубени, Митсубиши, Митсуи и Сумитомо.

    Славниот инвеститор вчера инвестираше околу 7 милијарди долари во трговија, што значи значителна промена во неговиот некогаш закоравен став. Исто така, Бафет, кој наполни 90 години на 30 август, никогаш порано не веруваше во злато, но започна да се предомислува за време на кризата.

    Тој во врска со тоа време рече: “Приходот на многу големи компании од Јапонија е слаб. Враќањето на капиталот е многу низок”, осврнувајќи се на односот на нето приходот и акционерите. Тој додаде: „Исклучително е тешко да се збогати еден човек со сопственост на компанија која носи мал принос на капиталот“.

    Бафет исто така верува дека времето е непријател на лошата инвестиција и пријател на добрата. Сепак, неговиот деловен партнер Чарли Манџер, кој на почетокот на годината наполни 96 години, мудро ја остави вратата отворена за јапонски инвестиции.

    Економистите велат дека промената на ставот не е толку невообичаена, бидејќи Јапонија значително се промени од 1998 година. Тие велат дека некои работи остануваат исти, но дека корпоративното управување, маргините на профит и деловните структури од тогаш и сега драстично променети.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично