ПОВЕЌЕ

    Атанас Кочов, кандидат за ректор на УКИМ: Најдобрите студенти не се задржуваат со непотизам и влијанија

    Време зa читање: 3 минути

    Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ е национална ризница и традиција, но и моторна сила за одржлив развој на земјата. Затоа, неопходна е Стратегија на УКИМ 2030, со која ќе се обезбеди неговата улога, ќе се зајакнат инфраструктурата и капацитетите, сите единица ќе имаат услови за непречена реализација на наставно-образовната, научно-истражувачката и апликативната дејност и како простор и од аспект на опременост на лаборатории. Дел од ова ќе се постигне и со отворање канцеларија за меѓународна соработка, задолжена за помош во подготовка на меѓународни проекти, смета кандидатот за ректор на УКИМ, проф. д-р Атанас Кочов од Машинскиот факултет.

    Во сето тоа клучна е самостојноста и целосната независност.

    За автономија е потребно политиката да остане надвор од високото образование. Менаџментите на сите државни универзитети не се изборија за целосна, а во тие рамки и за финансиска автономија преку законски регулирани процеси во Законот за високото образование од 2018 година. Како државотворен Универзитет, УКИМ мора законски да е регулиран од два аспекта – финансиите и вработувањето“, нагласува професорот.

    Тие две работи се взаемно поврзани и не можат да функционираат одделно.

    Сите ние кои сме дел од академската заедница на УКИМ треба да сме и свесни и самосвесни кога правиме прием на тие малку асистенти што ни ги даваат. Тоа мора да е целосно независен процес. Да нема непотизам, влијанија… Генерално, кога вработуваме треба да го одбереме најдоброто од најдобрите. За просперитет на науката и истражувањето“, дециден е Кочов, и додава дека за новопримените, од чиј работен ангажман се очекуваат ефекти и успех, мора да се обезбедат услови.

    Ако се тука мали платите, да им ги отвориме вратите кон Европа. Европа го има таканаречениот Open Live Access, отворени лаборатории за наука и истражување. ЕУ има седум такви центри, но никој одовде не заминал таму да истражува. УКИМ нема стратешки договор со Европскиот истражувачки центар. Веќе неколку години се бориме тоа да биде потпишано“, укажува на актуелните состојби професорот Кочов. Притоа, додава, не е направено ниту мапирање на постојните лабораториски услови, не се знае на кој факултет какви лаборатории има за младиот кадар да биде втурнат во науката и истражувањето.

    Ако сакаме да ги задржиме перспективните, треба да им создадеме услови во рамките на Универзитетот. И во мојата програма тоа го посочувам – да ги привлечеме нашите кадри кои завршиле во странство и да им ги отвориме вратите на УКИМ“, вели кандидатот за ректор, Атанас Кочов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично