ПОВЕЌЕ

    Епл направи големи промени во начинот на кој ќе се прикажуват рекламите

    Време зa читање: 2 минути

    На крајот на април, Епл започна да ги применува правилата наречени Транспарентност за следење апликации, што значи дека апликациите на iPhone, iPad и Епл TV мора да побараат од корисниците дозвола за следење на активностите на Интернет. Промената се најде под жестока критика од компании како „Фејсбук“, бидејќи следењето на однесувањето на корисниците води кон “насочен” маркетинг и им помага на корисниците да прикажуваат реклами што ги интересираат. 

    Се тврди дека промената направена од „Епл“ ќе ги уништи малите приватни бизниси ширум светот. Епл одговори на критиките со дополнителни измени што и даваат на компанијата контрола околу тоа како се прикажуваат рекламите на iOS уредите.

    Производителот на iPhone веќе продава реклами за пребарување за App Store, услуга што им овозможува на програмерите да плаќаат за да бидат на самиот врв на резултатите од пребарувањето. Па така, ТикТок во моментов е на врвот на листата ако напишете „Твитер“, бидејќи одвои повеќе пари за рекламирање во продавницата на „Епл“. Компанијата планира да додаде уште едно поле во делот „предложени“ на App Store, што ќе се прикажува на крајот на секој месец. Ова е дел што ќе им овозможи на развивачите да плаќаат за реклами за нивните производи да се појавуваат на целата платформа, не само во поврзаните резултати од пребарувањето.

    Споменатите екстензии се сигурен знак дека Епл планира да земе поголем дел од маркетинг “колачот” за себе. Индустријата, чија вкупна вредност е околу 350 милијарди долари, во моментов ја водат Гугл и Фејсбук, но тоа наскоро може да се промени. Новото ажурирање на софтверот – iOS 14.5 – што веќе ги спречува корисниците на iPhone да собираат податоци без нивна јасна согласност, може да придонесе за тоа. Се очекува дека повеќето корисници нема да ги споделуваат своите податоци во иднина, што ќе нанесе сериозен удар врз начинот на работа на индустријата за мобилно рекламирање.

    Новите измени секако ќе влијаат на иднината на мрежниот маркетинг и останува да видиме дали ќе страдаат само приходите на големите компании, па дури и малите компании чија заработка зависи од рекламирање на социјалните мрежи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично