ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Граѓаните коишто останале без работа да аплицираат за финансиска помош до 26 јуни (видео)

    Време зa читање: 2 минути

    Сите граѓани што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, а рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни, објави министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

    „При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност“, напиша Ангеловска.

    Таа посочува и дека мерката за ослободување од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули.

    „Најмногу од компаниите кои ја користат мерката се од дејностите: транспорт, дејности за подготовка и служење на храна, туристички агенции, туроператори и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и објекти за сместување. Најголем број од претпријатијата ослободени од аконтација за данок на добивка се микро и мали со преку 90 проценти застапеност. Со ова се поддржува ликвидноста на погодените компании со цел полесно да се справат и да закрепнат во периодот што следува“, додаде Ангеловска.

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично