ПОВЕЌЕ

    СТО: Американските тарифи за Кина се незаконски

    Време зa читање: 2 минути

    Светската трговска организација (СТО) денеска донесе одлука за нелегални американски тарифи за кинески производи во вредност од над 200 милијарди долари.

    Со таа одлука, СТО за прв пат донесе одлука против низата тарифи што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе на голем број земји, и сојузници и ривали.

    Трамп во повеќе наврати го критикуваше СТО за нефер однос кон САД.

    Телото за решавање спорови на СТО не го прифати аргументот на САД дека незаконските активности на Кина се штетни за интересите на САД во области како што се кражба на интелектуална сопственост и трансфер на технологија.

    Пресудата теоретски и дозволува на Кина да воведе реципрочни тарифи за американска стока вредна милијарди долари.

    Сепак, тешко дека ќе има големо конкретно влијание, барем не на краток рок, затоа што Соединетите држави можат да поднесат жалба на одлуката, а Апелациониот суд на СТО во моментот не функционира, најмногу поради одбивањето на Вашингтон да прими нови членки.

    Во јуни 2018 година, САД воведоа даноци на кинески производи во вредност од околу 34 милијарди долари.

    Телото за решавање спорови на СТО денес донесе одлука дека мерките на САД ги кршат долгогодишните правила на меѓународната трговија затоа што тие се однесуваат само на кинески производи и дека Вашингтон не го докажал соодветно тврдењето дека кинеските производи погодени од дополнителни тарифи имале корист од наводните нефер активности на Кина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично