Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави нејзиното редовно издание од своето истражување поврзано со трендовите за земање на кредити на финансиските пазари на Централна, Источна и Југоисточна Европа .
Годишното истражување покажа дека условите за кредитирање на малите и средни компании станаа по строги, во однос на кредитите кои се наменети за домаќинствата и истите станале подостапни. Побарувачката за финансиски средства и кредити расте за сите категории на клиенти.
Истражувањето понуди увид во активностите на банкарските групи, нивните филијали и локалните претставништва, како и приказ за движењето на кредитните активности на овој пазар. Исто така, се анализира побарувачката за финансиски средства и нивната достапност за малите и средни претпријатија, корпорации и домаќинства, особено кога се во прашање условите за финансирање. Дава проценка на потенцијалот за маркетинг и позиционирање на финансиските институции, како и анализа на движењето на нефункционалните кредити на локалните пазари.
„Финансискиот систем во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажува исклучителна отпорност од најголемиот економски удар што го доживува. Со цел да се зајакнат инвестициските активности, потребни се континуирани заеднички напори на јавниот и приватниот сектор со цел регионот да се опорави и да продолжи да се движи кон зелената и дигитална транзиција “, рече главната економистка на ЕИБ, Дебора Револтела