ПОВЕЌЕ

    Бил Гејтс прими вакцина против Ковид-19

    Време зa читање: 2 минути

    Основачот на компанијата Мајкрософт и американскиот милијардер Бил Гејтс откри дека ја примил првата доза на вакцина против корона вирусот, и им се заблагодарил на сите луѓе кои работеле на правење лекови и вакцини против КОВИД-19.

    Една од придобивките да имаш 65 години е тоа што имам право на вакцина против коронавирус. Оваа недела ја примив првата доза и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, волонтери за истражување, регулатори и медицински професионалци кои се на првите редови на одбраната кои нè доведоа до оваа точка “, напиша Гејтс на Твитер.

    За потсетување, Гејтс неодамна во својот блог рече дека 2020 година е страшна, но тој верува дека добиваме добри вести во 2021 година.

    – Поголемиот дел од 2020 година го поминав со колегите во Фондацијата Гејтс ширум светот за начини за тестирање, лекување и спречување на КОВИД-19. Кога размислувам за брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум зачуден. Човечката раса никогаш не постигнала толку многу напредок кога станува збор за лекување на која било болест за една година, како што направи светот во борбата против КОВИД-19 – објасни Гејтс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично