ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе ќе плати по 5.577 денари за акција на акционерите во Охридска банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Надзорниот одбор на Охридска Банка на седницата одржана на ден 15.01.2021 година го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка
    АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, по што истата беше
    потпишана во согласност со Законот за трговски друштва.

    Согласно склучената Спогодба, за акционерите на Банката што се присоединува
    кои ќе се изјаснат дека не сакаат да примат акции во Банката што презема во
    замена за нивните акции, Банката што презема ќе изврши откуп на акциите на
    акционерите од Банката што се присоединува по откупна цена од 5.577 денари за
    една акција, стои во соопштението на Македонска берза.

    Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери
    на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна
    на Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

    Спогодбата, прилозите и другите релевантни информации ќе бидат достапни за
    увид на акционерите согласно роковите предвидени со закон

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично