ПОВЕЌЕ

    Конечно Македонска пошта ја одбра замената за Еуростандард банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    По изминати два месеца, конечно Управниот одбор на Македонска пошта на денешната седница ја прифати понудата на Халк банка АД Скопје,  која наместо Еуростандард банка ќе го извршува платниот промет.  Поради осетливоста на информациите, како деловна тајна, сеуште не се откриваа под кои условите Халкбанк ќе го врши платниот промет.

    За да може Халк банка и пошта да скучат договор, ќе треба најпрво Владата да одобри.

    До 12 август, до кога и беше одземена дозволата за работа, платниот промет во над 300 поштенски филијали во земјава, го вршеше „Еуростандард банка“.

    Речиси една четвртина од платниот промет се одвиваше преку Поштата, а по пропаста на Еуростандард, граѓаните беа принудени да плаќаат во банките за што се наплатуваа провизии за секоја комунална сметка или ПП уплатница и тоа само ако сте клиент на односната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично