ПОВЕЌЕ

    Скандалот Фолксваген: За судењето со закажани 133 рочишта

    Време зa читање: < 1 минутa

    Судењето на Мартин Винтеркорн (поранешен најдобро платен менаџер во Германија, и поранешен шеф на најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген) ќе започне на 25 февруари 2021 година, објави покраинскиот суд во Брауншвајг, каде е седиштето на компанијата, објави Брауншвајгер Цајтунг.

    Во есента 2015 година, во САД беше откриено дека Фолксваген инсталирал софтвер во своите автомобили што прикажувал податоци за емисиите на автомобили што биле пониски отколку што биле.

    Покраинскиот суд објави дека на ова судење се планирани 133 рочишта, од кои 60 ќе се одржат во текот на 2021 година, а преостанатите до 19 јануари 2023 година.

    Покрај Винтеркорн, обвинети се уште четворица поранешни и сегашни менаџери на Фолксваген.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично