ПОВЕЌЕ

    УНИБанка вработува Директор на Дирекција Сигурност

    Време зa читање: 2 минути

    УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција: Директор на Дирекција Сигурност

    Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

    • Високо стручно образование,Универзитетска диплома од општествен или технички факултет;
    • Најмалку 5 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
    • Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
    • Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
    • Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност;
    • Познавање на релевантната законска регулатива;
    • Многу добро познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
    • Одлични организациски и комуникациски вештини;
    • Способност за работа под притисок;
    • Вештини за презентирање;
    • Поседување возачка дозвола;

    Одговорност и задачи:

    • Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
    • Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
    • Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
    • Предлага и организира активности за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
    • Соработува со државни и други органи;
    • Раководење со персоналот за сигурност;
    • Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
    • Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected]најдоцна до 09.10.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично