ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка известува за прекинување на постапување согласно Уредба со законска сила за примена на Закон за данок на додадена вредност

    Време зa читање: 1 минутa

    На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба и истата е со важност  до 20- ти септември 2020 година.

    Ве известуваме дека, од 21- ви септември 2020 година, поради престанување на примена на Уредбата, Банката за валидни електронски фактури ќе ги смета само оние електронски фактури кои се издадени согласно член 53-б од Законот за данок на додадена вредност (а тоа се потпишани фактури со  примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за  податоците во електронски облик и електронски потпис).

    Им благодариме на сите соработници кои ја прифатија и времено ја применуваа Уредбата во делот на електронски фактури и ги повикуваме сите соработници кои се во можност, на постапување и примена на електронска фактура согласно Закон за додадена вредност, бидејќи на тој начин заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација на процесите и користење на придобивките од истите во деловната сфера.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично