Кино салите во повеќето делови на светот се уште се затворени поради пандемијата на корона вирусот, но тоа не значи дека луѓето не уживаат во својата омилена храна додека гледаат филм, а тоа се пуканите.
Според новиот извештај на водечките снабдувачи со пуканки во САД, продажбата на пуканки „за домашна употреба“ се зголемила во средината на март, кога беше воведена мерката за карантин.
„За време на шест последователни недели, почнувајќи од март, продажбата на пуканките за во микробранова печка се зголеми за 40 до 50 проценти“, вели Гери Смит од „Џоли Тајм“.
Причината за тоа, е во навиките на луѓето кои не се променети додека го гледаат филмот. Таков е ставот на Ешли Линд, директорка на брендовите „Конагра“, која смета дека растот на продажбата може директно да се поврзе со семејства кои остануваат дома и гледаат филмови заедно.
Таа, сепак, вели дека ваквото однесување било почесто и пред кризата. Луѓето секогаш имаат потреба да грицкаат нешто кога се дома: додека работат, гледаат филмови, телефонски повици, сурфаат на интернет, а короната дополнително го поттикнува тој раст.
Компаниите кои ги поседуваат брендовите кои произведуваат пуканки за микробранова печка, заработиле околу 922 милиони долари, што е раст од околу 13% од мај 2019 до мај 2020 година. Продажбата на пуканки продадени во продавници за храна, во пластични тегли или полиетиленски кеси, скокнала за 70 до 80 проценти.