На официјалната страна на „Дома си е дома” се објавени хотелите и другите сместувачки капацитети каде граѓаните ќе можат да ги потрошат ваучерите за туризам.
Ваучерите за туризам се со вредност од 6.000 денари, а ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември годинава.
Во објавените информации може да се најде името на објектот, како и контакт телефон. Постои и можност да се пребарува по градови.
Листата на капацитети може да се погледнe на овој линк.