ПОВЕЌЕ

    ТОП пет извозници на чоколадо во ЕУ

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно последната анализа на Евростат, 2,2 милиони тони чоколадо биле извезени од земјите-членки на Европската Унија во 2019 година. Најголеми извозници на чоколадо се Германија со 640000 тони или со учество од 30%. Потоа следи Белгија со извоз од 300000 тони или 14%, Холандија со 290000 тони или 13%, Полска со 230000 тони или 10%, и Италија со 180000 тони или 8%.

    Овие пет земји-членки на ЕУ извезуваат три четвртини од вкупниот извоз во ЕУ.

    Во светот, вкупните извозни продажби на чоколадо достигнуваат 29,2 милијарди долари, што е намалување за 0,4 % во споредба со претходната 2018 година.

    Во регионот најголем извозник на чоколадо е Хрватска, со извоз од 195 милиони долари, а втора е Бугарија со извоз од 190 милиони долари, извозот на чоколадо од Србија изнесувал 69 милиони долари. Македонија извезува чоколадо во вредност од 13,6 милиони долари со што остварила раст од 4,9 проценти споредено со 2018. Босна и Херцеговина минатата година остварила извоз на чоколадо од 10,8 милиони долари, а Црна Гора 1,4 милиони долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично