Проширено: Ова е листата на продавници каде може да се користи домашната платежна картичка

Време зa читање: < 1 минутa

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА.

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:

  • Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
  • Tуристички агенции и оператори
  • Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
  • Супермаркети
  • Продавници за храна, пиљари, пекари
  • Mебел, осветлување, производи за домаќинства
  • Книжарници и продавници за книги
  • Спортска опрема
  • Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
  • Аптеки
  • Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично