Имајќи го предвид императивот дека јавното здравје е заедничка одговорност, Охридска банка АД Скопје го продолжи периодот на укинати провизии за денарски трансакции на мобилното и електронското банкарство до 31-ви мај 2020 година.
Одлуката за оваа поволност е донесена во согласност со мерките за заштита и превенција од пандемијата предизвикана од Корона вирусот со што вработените и клиентите на Банката би останале безбедни, а редовниот сет на банкарски услуги би бил уште побрз.
Мобилното и електронското банкарство на Охридска банка АД Скопје нудат многу практични функционалности со кои целосно можат да се заменат посетите во експозитури, а банкарските услуги да се извршат преку мобилниот телефон или домашниот компјутер.
Како дел од услугите што ги нуди мобилното банкарство и електронското банкарство се испраќање нотификација до корисникот секој пат кога ќе има прилив/одлив од неговата сметка за зголемена безбедност, плаќање сметки, лоцирање најблиските банкомати и експозитури, како и трговци каде што може да се плати со кредитна картичка на рати без камата, менувачко работење, печатење изводи за сметки и кредитни картички и уште многу други поволности.
Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да се насочат кон електронските канали на Банката за заеднички придонес кон јавното здравје.