ПОВЕЌЕ

    Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

    Време зa читање: 2 минути

    Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави:

    Известување за промена на договорните услови

    за кредитните производи на правни лица

    ТТК Банка АД Скопје го објавува ова известување за промена на договорни услови за кредитни производи наменети за клиентите- правни лица кои се погодени од Ковид-19 кризата, а со цел зa полесно премостување на негативните ефекти во нивното работење и олеснување на враќањето на кредитните обврски.

    ТТК Банка ги упатува сите клиенти-правни лица кои користат кредитни производи во Банката и кои како резултат на кризата се соочуваат со проблеми во работењето, што може да влијае на редовното враќање на нивните кредитни обврски да се обратат до Дирекцијата за правни лица, во електронска форма на адресата: [email protected] со цел да ја известат Банката за потребата за менување на постојните договорни услови.

    На сите клиенти-правни лица кои ќе се обратат до Банката ќе им биде побарано да достават пополнет прашалник за утврдување на негативното влијание на економската криза, предизвикана од Ковид-19 врз нивното работење што ќе претставува основa Банката да го разгледа секое поединечно барање за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност, да ја утврди потребата од користење поповолни/прилагодени договорни услови и да достави понуда до правното лице за најсоодветно финансиско решение.

    Олеснувањата во сервисирањето на обврските во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласувани со секое правно лице поединечно, а ќе вклучуваат одложување, односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на отплатата на кредитот на подолг рок, понуда на кредитни производи за ликвидносни потреби, одобрување на кредитни производи со поповолни услови за затворање на постојните кредитни изложености и друго.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично