Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје на седница одржана на ден 29.1.2020 год. донесе Одлука НО бр. 0203-4315/6, 29.1.2020 год. со која Г-дин Георг Бухер се именува за претседател на Надзорниот одбор на банката, а г-ѓа Валбурга Зајдл за заменик претседател.
Мандатот на новиот претседател и заменик претседател на Надзорен одбор на банката ќе трае се до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.
На истата седница, Надзорниот одбор донесе Одлука НО бр. 0203-4315/8, 29.1.2020 год. со која ги разреши следните членови на Одборот за ревизија на банката:
- Г-дин Жан-Филип Гијом
- Г-дин Ален Жерард Конус и
- Г-ѓа Марија Којчева-Русева.
На местото од разрешените членови, со Одлука НО бр. 0203-4315/9 беа избрани следните нови членови на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Скопје:
- Г-дин Георг Бухер
- Г-дин Ханс Лудвиг Диксер
- Г-дин Славиша Којиќ и
- Г-ѓа Валбурга Зајдл.
Мандатот на членовите на Одборот за ревизија трае 4 години, сметано од денот на нивното именување, до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.
На седница на Одборот за ревизија, со Одлука ОР бр. 0203-4493/4, 29.1.2020, г-дин Георг Бухер се именуваше за заменик претседател на Одборот за ревизија. Мандатот на заменик претседателот на Одборот за ревизија ќе му трае се до истекот на неговиот мандат како член на Надзорниот одбор на банката.