ПОВЕЌЕ

    Инвестициско осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје за кредит без грижи и можност за заработка

    Време зa читање: 3 минути

    Скопје, 15.05.2026 – Во време кога финансиските одлуки бараат повеќе сигурност, но и поголема флексибилност, Триглав Осигурување Живот АД Скопје нуди инвестициско осигурување за корисници на кредит – решение што истовремено обезбедува заштита, стабилност и можност за раст на вложените средства.

    Овој современ производ претставува комбинација на осигурување и инвестирање во инвестицискиот фонд НЛБ Топ Брендови, со што им овозможува на корисниците:

    • Безгрижна отплата на кредитот
    • Финансиска сигурност на семејството
    • Можност за атрактивен принос
    • Гарантиран поврат вложените средства

    На овој начин, полисата обезбедува двојна корист, која значи заштита во непредвидливи ситуации и потенцијален принос на вложените средства.

    Инвестициското осигурување е уште еден производ во портфолиото на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со кој клиентите добиваат можност да изберат решение што најмногу одговара на нивните животни и финансиски потреби. Производот е дизајниран да им понуди избор, флексибилност и вредни придобивки.

    Основната намена на полисата е да обезбеди отплата на кредитот во случај на непредвиден настан, со што семејството на корисникот се заштитува од дополнителен финансиски товар. Во исто време, дел од средствата се инвестираат, овозможувајќи поврат на вложеното заедно со потенцијалниот принос по истекот на осигурувањето.

    За дополнителен бенефит за осигурениците, осигурената сума се намалува согласно отплатата на кредитот, премијата е поврзана со кредитното задолжување, а постои и можност за осигурување на две лица на една полиса, што овозможува уште поголема сигурност и флексибилност.

    „Овој производ им нуди на клиентите практично решение во момент кога носат важни финансиски одлуки. Кога земаат кредит, луѓето не размислуваат само за сегашноста, туку и за сигурноста на своите најблиски во иднина. Токму затоа преку инвестициското осигурување им овозможуваме да се заштитат и да создадат дополнителна вредност за иднината“, соопштуваат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

    Инвестициското осигурување е наменето за лица на возраст од 18 до 70 години, со траење на осигурувањето од 1 до 30 години, во зависност од периодот на отплата на кредитот, а начинот на плаќање е прилагоден на кредитната динамика.

    Триглав Осигурување Живот АД Скопје продолжува да инвестира во развој на иновативни решенија кои ги следат современите финансиски потреби и им помагаат на клиентите со поголема сигурност да гледаат кон иднината.

    Повеќе информации за производот се достапни на следниот

    Осигурување на живот на корисници на кредит

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично