
Македонската енергетика денес се соочува со сериозни предизвици, но тие не се резултат на краткорочни кризи, туку на долгогодишна негрижа и недостиг на инвестиции. Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ посочува дека клучните одлуки за развој на енергетскиот сектор биле одложувани со години. Поради тоа, државата останува зависна од увоз и изложена на ценовни шокови. Според него, без јасна стратегија и инвестиции во домашни капацитети, ризиците ќе продолжат.
„И од тој аспект, пред се во поглед на оние, да кажеме национални богатства или јавни добра, тоа се пред се ветерот, понатаму, тоа е водата, тоа секако е сонцето, кои што на некој начин им припаѓаат на сите граѓани и тие треба да имаат некаков бенефит. Во тој сегмент, мора да постои јасен државен интерес од два аспекти. Прво, заради бенефитите кои што треба да ги почувствуваат сите граѓани, а и државата од тие ресурси со кои што располагаме и вториот начина е пред се зареди безбедноста, заради тоа што енергијата станува безбедносно прашање.“
Аналитика








