НЛБ Банка викендов го организираше првиот „Family Day“, настан посветен на вработените и нивните семејства. Денот за дружба во природа, без работни обврски и рокови.
Можност колегите да се поврзат во поинакво опкружување, но и заеднички да го одбележат значајниот јубилеј – 40 години од постоењето на НЛБ Банка Скопје.
„Четири децении успех, стабилност и визија – овозможени токму од луѓето кои ја живеат оваа приказна секој ден“, велат од Банката, додавајќи дека тимскиот дух и припадноста кон „големото НЛБ семејство“ остануваат клучна движечка сила.