ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Со 1.200 нови градилишта проблем може да се јави кај градежната оператива

    Време зa читање: 2 минути

    Во вториот повик за капитални проекти во општините, има повеќе од 800 апликации, а заедно со првиот околу 1.200. Податоците ги изнесе премиерот Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање за последниот јавен повик од линијата за 250 милиони евра за развој на општините.

    „Се враќам од еден таков настан којшто го организира Министерството за локална самоуправа. Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800, мислам дека беа 862 проекта. Најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Нешто повеќе од 120 беа во животна средина. Генерално, во двата повика се околу 1.200 проекти. Тука во Велес, 18 проекти имаме. Ова никогаш не се случило“, нагласи Мицкоски.

    Тоа, според него, ќе значи дополнителни 1.200 градилишта, па може да се јави проблем со градежната оператива.

    „Сега имаме еден друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, бидејќи знаете, 1.200 градилишта кога ќе се додадат на сите оние веќе постојни градилишта, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе остваривме еден таков состанок и со Стопанската комора и со Комората на градежници. Правиме гантограм на активности. Дваесет милијарди денари само за Локалната самоуправа се наменети. Така што оваа поддршка мислам дека е голем мотив и инспирација за општините и за градоначалниците да продолжат да испорачуваат за граѓаните и да го следат примерот на Владата“, изјави Мицкоски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично