Сè повеќе креативци, новинари и комуникатори ја напуштаат традиционалната работна рамка и се свртуваат кон флексибилноста што ја нуди фриленс светот. Но дали таа слобода е навистина слобода? Во оваа епизода на New Biz Podcast Наташа Велковска разговара со Катерина Смилева Божиновска, новинарка која денес успешно работи како фриленсер во дигиталната индустрија. Таа искрено зборува за преминот од медиумите кон претприемништво, за скриените ризици, притисоците и личната борба за баланс.
Ако треба да се направи една листа за и против фриленсерството и за и против новинарството, како би изгледала таа листа? Што е на едната, што е на другата страна?
„Ако почнеме од фриленсерството, прво што ми паѓа на ум е организација на сопственото време. Тоа значи дека можам да поминувам повеќе време со детето дома, да работам додека спие навечер, не сум ограничена. Кога сакам можам да отидам на прошетка во парк, не да биде тоа само за викенди. Втор аспект се финансиите. Трет аспект можеби е таа желба да се надградуваш, да го градиш системот, тоа е нешто што ме исполнува и многу често додека работам, но тоа не го гледам како работа. Не чувствувам дека работам, сега треба да седнам и да работам. Тоа во текот на денот ми се провлекува некако. А, пак, негативни страни – организација на времето, меѓутоа, исто така немање на фиксно работно време, што значи дека некогаш и цело време работиш. Во однос на новинарството има повеќе. Условите, одредени притисоци… Кога одлучив да студирам новинарството, мислев дека може да се смени, ако не светот, некои процеси тука во државата. Но со тек на време сфатив дека не е тоа така баш лесно, дека тоа е некое утописко размислување, кое што не знам дали е можно или ако е можно – промените се случуваат премногу споро“, раскажува Смилева Божиновска.
Низ разговорот се провлекува и прашањето дали и се случиле ситуации каде што имала притисоци, била „етикетирана“, нешто што ја повредило?
„Директно можеби не. Но во последните години бидејќи почнав да работам истражувачко новинарство – се случило да има јавување, на пример, кој што на почеток се на пријателска база, само да се предупреди, нема тука никакви директни закани, меѓутоа за да му направат подсветено некој притисок. Тоа се некои суптилни притисоци коишто влијаат во секојдневниот живот и колку и да сакаш да се обидеш да не ти влијае“, вели Смилева Божиновска.
Другиот сегмент е како ги израционализирале и ги промислиле ризиците на претприемачкиот живот во услови кога се со мало бебе?
„Ова се случуваше пред шест години кога решивме целосно да преминеме, меѓутоа секогаш гледавме да го оптимизираме ризикот. Ризик мора да има, но гледавме да го сведеме на минимум. Тоа го направивме на тој начин што прво сопругот си даде отказ од редовната работа, а јас останав да работам. Токму од тој страв да го избегнаме ризикот доколку ова не успее. Јас продлжив да работам уште две години после тоа. И откако се стабилизиравме и видовме дека оди на добро и имаме некој стабилен приход кој што е константен, тогаш решив и јас целосно се посветам на ова. Се разбира е поризично од колку тоа да имаш на секој први во месецот плата да ти стигнува. Тука може да се случи да не ти стигне ниту една плата да извадиш. За среќа тоа до сега ни се нема случено. Меѓутоа кога ќе ги изменаџираш добро ризиците, кога ке бидеш веќе стабилен на тоа поле, мислам дека нема некоја голема опасност да преминеш целосно на фриленс“, објаснува Смилева Божиновска.
Огромни промени се случја и во креативните индустрии, во ИТ – индустријата со вештачката интелигенција. Како Катерина гледа на сето тоа, дали како удар, како нешто што може да се намали обемот на работа или како нешто што ќе помогне да бидат поефикасни, покреативни, како ги рационализира овие промени што ни се случуваат?
„За вештачката интелигенција сметам дека ќе ни биде само придобивка, бидејќи ако се најде вистински начин да се искористи, може повеќе да се оптимизират и да се забрзаат процесите, кои што ние ги имаме во смисла на креирање на содржини, на дизајни, на видео-монтажа. Не сум поборник на тоа целосно да се потпира на вештачката интелигенција, особено не во делот на копирајтерството и пишување на содржините, ниту на дизајнот. Меѓутоа, доколку паметно се користи во смисла на технички дел, тоа значи прибирање информации, истражување, па и брејнсторминг, може само да помогне вештачката интелигенција“, истакнува Смилева Божиновска.
Во однос на употребата на вештачката интелигенција во креативните индустрии, таа вели дека можеби ќе намали работата во делот на техничкиот дел, меѓутоа оној креативен дел, умствен, мисловен, ќе стане поважен од кога и да е, бидејќи ќе има луѓе коишто ќе се потпра целосно на вештачката интелигенција, ќе се обидат и креативниот дел да го префрлат таму, но на сметка на тоа ќе избијат на површина како поквалитетни и подоброплатени оние кои што ќе задржат да го прават сами мисловниот дел, креативниот дел, кај што ќе има повеќе емоција во содржините.
Во однос на вештачката интелигенција, имале екстремни барање, каде што клиенти мислат дека со овие алатки „чуда“ може да се добијат.
„Имаш едно екстремно барање во однос на видеата, креирање на рилови, барањето беше „дали ќе може јас да испртам слика од мене и вие со помош на таа слика да креирате видео, односно како ја да зборувам т.е мој аватар да креирате и тој аватар да ги зборува сите мои содржини, едукативни кои што ја сакам да ги споделам со публиката“. Тоа можеби во скоро време ќе биде возможно да се направи, меѓутоа ние од друга страна не нудиме такви услуги, ние сме концентрирани на тоа ние да ги продуцираме самите видеа, дизајни и така натаму“, појаснува Смилева Божиновска.
Таа вели дека најдобра опција во однос на видео-материјалите е клиентот да се снима себе си или да им обезбеди снимен материјал кој што тие потоа ќе го едитираме, ќе му додадам дадат текст транзиција и така натаму.
„Меѓутоа, најголем дел од клиентите, бидејќи работиме со мали и средни бизниси, не се подготвени на таков чекор и тоа има дополнителен трошок. Затоа ние им нудиме креирање на видео со користење на сток футич, најчесто, кој што ние потоа го едитираме, анимирани видео, текстуални видеа“, објаснува Смилева Божиновски.
Во однос на она што е како тренд во содржината на социјалните мрежи – она што денес најмногу се консумира и што е интересно за публиката, Катерина вели дека клучна улога игра автентичниот раскажувач, оној што се обраќа на човечки начин, со повеќе емоции, и што споделува лично искуство, дополнително, големо значење добива и фокусот на микроинфлуенсерите.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcast