ПОВЕЌЕ

    Од подарените 5.636 обични акции, 1.700 се на „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Во нетрговските трансфери реализирани минатата недела, статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност регистрирала 5.636 обични акции издадени од 14 котирани друштва. Најраздвижено било во понеделникот со 2.435 акции.

    Најбројни, пак, се хартиите од вредност на „Реплек“. На крајот од работната седмица биле подарени 1.700 обични акции.

    Во овие трансфери, акциите на „Либерти“ се меѓу најредовните, а овојпат се 1.012 на број. Сопственоста е сменета и кај 699 акции на „Макстил“ и 607 на „АрцелорМиттал (ХРМ)“.

    И минатата недела се забележани акции од „Уготур“ – 34, како и од трите РЖ компании: „Економика“ – 30, „Интер-Трансшпед“ – 31 и „Техничка контрола“ – 12 обични акции. А, од „Интерпромет“ АД Тетово 15 акции.

    Според податоците објавени на Македонска берза, на двапати се трансферирани акциите на пет друштва.

    Прво биле процесуирани 10, а потоа 280 хартии од вредност на „Алкалоид“. Кај кумановската ФЗЦ „11 Октомври“ се запишани 33 и 54 обични акции. На „Гранит“ – 123 и 197, а на Комерцијална банка 25 и 64 обични акции. Направен е пренос и на вкупно 710 акции на „Македонски телеком“, првиот пат на 310, па на уште 400 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично