ПОВЕЌЕ

    ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК за пожарникарите и доброволците нуди бесплатни интернистички прегледи

    Време зa читање: 2 минути

    Бесплатен интернистички преглед за сите учесници во гаснењето на пожарите кои изминатиов период ја зафатија нашата земја нуди ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК. Македонија речиси два месеца се бори со пожарите на отворено.

    Тие на својата Фејсбук страница објавија повик до пожарникарите и доброволците во борбата со огнената стихија да дојдат до 1.09.2024 година во нивните простории, каде ќе ја добијат оваа бесплатна здравствена услуга.

    „Драги пациенти и херои во борбата со пожарите, Ве информираме дека за сите пожарникари и лица кои доброволно учествуваа во пожарите, ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК овозможува ГРАТИС интернистички преглед“, стои во повикот упатен од Поликлиниката. Да помогнеме кога е потребно, се истакнува во повикот кој Поликлиниката ја упати до храбрите пожарникари и доброволци во гаснењето на пожарите.

    Пациентите од редовите на противпожарните единици и луѓето кои доброволно ги гаснеа пожарите е потребно само да обезбедат упатница дека се пожарникари или доброволци од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и истата да се приложи на шалтер во ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК, информираат оттаму.

    Акцијата на ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК, која се наоѓа на улицата Васил Ѓоргов 12, Скопје, важи до 01.09.2024. Прегледите се закажуваат на телефонскиот број 077 888 883.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично