ПОВЕЌЕ

    ПО СКАНДАЛОТ СО ЛАЖИРАНИ ПОДАТОЦИ, Тојота загуби повеќе од 14,5 милијарди евра од пазарната вредност

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на јапонскиот производител на автомобили Тојота Мотор паднаа минатата недела за повеќе од 5,4 отсто, откако Министерството за транспорт на Јапонија откри дека компанијата користела лажни податоци при тестирање на одредени модели на автомобили.

    Пазарната вредност на јапонската компанија паднала за 2,45 милијарди јапонски јени или повеќе од 14,5 милијарди евра за само една недела, пренесува CNBC.

    Како што е наведено, претседателот на јапонската компанија Тојота Мотор, Акио Тојода, веднаш по избивањето на скандалот на 3 јуни се извини за масовното мамење при тестирањето на седум модели на автомобили. „Искрено се извинуваме“, изјави тогашТојода и длабоко се поклони неколку секунди, како што е вообичаено во Јапонија на прес-конференциите на кои компаниите се извинуваат за лошото однесување.

    Истрагата покажа дека тестовите за моќност на моторот биле фалсификувани, додека несоодветни или застарени податоци биле користени за тестови за судар и воздушни перничиња.

    По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше производството на три модели на возила, Corolla Fielder, Corolla Akio и Yaris Cross.

    На 8 мај компанијата објави дека нејзината добивка во фискалната година која заврши на 31 март се удвои на рекордни 4,94 милијарди јапонски јени или околу 29,6 милијарди евра.

    Во истиот период, приходите на Тојота исто така соборија рекорд, бидејќи пораснаа за 21,4 отсто на годишно ниво, на 270,4 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично