ПОВЕЌЕ

    Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол“ и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово.

    Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален изглед, која што ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди.

    На обновената бензинска станица во Тетово се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Новата генерација на овие горива е базирана на технологијата Dual Action, а на бензинската се достапни тие со 95 и 100 октани, дизелот, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Исто така, во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

    Kако најголем дистрибутер на горива во земјата, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици. Преку овие инвестиции компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти, а тоа ја потврдува посветеноста на задоволување на потребите на потрошувачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично