ПОВЕЌЕ

    За 900 вработени во УЈП зголемувањето од 30 насто стартува со јулската плата

    Време зa читање: 2 минути

    Јулската плата ќе биде повисока за 30 насто за околу 900 вработени во Управата за јавни приходи, соопштија на заедничката прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска, медијаторот Илија Манасиев и претседателот на Синдикатот Васе Недановски. Тоа повлекува дополнителни месечни средства од околу 16,5 милиони денари, но нивната исплата за до крајот на годинава е обезбедена со буџетот на Управата.

    „Низ процес на помирување стигнавме до потпишување на нов Колективен договор меѓу репрезентативниот синдикат ‘Солидарност’ и работодавачот Управата за јавни приходи. За мене овој предмет беше голем професионален предизвик. Овој е еден од најголемите работни спорови решени по пат на помирување“, посочи помирувачот Манасиев. Воедно, нагласи дека случајот е решен по европски терк.

    Задоволен од постигнатото е и синдикалниот лидер Недановски. Како што рече, законитото постапување од сите страни вклучени во активностите продонело за постигнување на заеднички успех. Уште повеќе, што зголемувањето на платите доаѓа по цели 14 години минати без промени на ова поле.

    „Овој чин не значи само поголеми права, туку и поголеми обврски за даночните службеници со новата реформа, која што бара сериозна посветеност и поголеми вложувања. На зоглемувањето на платите гледам како мотив плус да покажеме поголема ефикасност како даночни службеници. Нашите подобро резултати ќе придонесат за подобри резултати во општественото функционирање“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

    Според неа, олеснителна околност во ова зголемување на платите е што имаат и сопствени средства што ги добиваат како даночен орган. Оттаму и нејзините очекувања дека вработените ќе добијат поголеми права, а со тоа и повеќе сатисфакција за работа, што ќе се оправда со повеќе резултати, поуспешни даночни реформи, доекипирање и сузбивање на даночното затајување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично